Онколошки пациенти од Битола реагираат дека не ја добиваат месечната терапија со Глосерелин, за која велат дека е исклучително важно навремено да ја примаат, но дека остануваат непокриени подолг временски период.
За ова побаравме одговор од Клиничката болница Битола од каде што велат:
Во врска со реакцијата на група граѓани за недостиг на лекови за пациенти со малигни заболувања ЈЗУ Клиничка болница Битола би сакала да ја извести пошироката јавност за недостиг – набавка на следниве лекарства.
„Таблетите ЗОЛАДЕКС (ГОСЕРЕЛИН) – се додатна терпија која се аплицира како пропратна терапја на основната терапија кај жени болни од канцер кои се во репродуктивен период.
Врз основа на изјавата на раководител на Одделението за онкологија со палијативна терапија и радиотерапија, истата беше со мало задоцнување – вакум период од 5-6 денови, истата е веќе аплицирана на пациентите кои имаат потреба од таа терапија. Пациенти кои ја примаат оваа терапија се вкупно 10 во моментот на Одделение за онкологија со палијативна терапија и радиотерапија, и изјавата дека истата терапија доцни 2 недели не е точна“ стои во информацијата од Клиничката болница.












