ТЕРА

REKLAMA???

КОВАЧЕВСКИ ГО СООПШТИ НОВИОТ ПАКЕТ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ

Премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција го презентираше деветтиот пакет антикризни мерки, кој е во вредност од 662 милиони евра.

Тој рече дека овој пакет содржи 26 мерки за социјална сигурност, насочени кон таргетирана поддршка за ранливите категории на граѓани и компании како и поддршка за надминување на потешкотии во услови на зголемени трошоци на живот, но и во услови на продолжени ефекти од енергетската криза.

„Со мерките се опфаќаат 120 000 млади лица, над 74 000 социјално ранливи категории на граѓани, над 187 000 пензионери, 40 000 земјоделци, речиси 540 000 корисници на апликацијата мој ДДВ. 600 000 домаќинства, како и над 70 000 компании.

Со системските мерки за 2023 и 2024 година се опфатени пак над 338 000 пензионери и 106 000 вработени во администрацијата.

  • 1.200 и 1.800 денари месечно во наредните 6 месеци за над 105.000 основци и средношколци
  • Ваучер за превоз од 600 до 1.200 денари за 15.000 студенти
  • Финансиска поддршка од 3.000 ден, 2.000 ден и 1.500 денари во зависност од висината на пензијата за над 187.000 пензионери со ниски пензии
  • Авансна исплата на субвенции за 40.000 земјоделци
  • Финансиска поддршка од 2.000 денари месечно наредните 5 месеци за над 16.000 социјално ранливи категории на граѓани
  • Поддршка за 5.000 семејства преку Програмата за енергетска сиромаштија
  • До 90% субвенционирана цена на електричната енергија за 611.000 домаќинства и 68.000 мали потрошувачи
  • Субвенционирана цена на парно за 630.000 корисници
  • Субвенција за сметки за електрична енергија од 1.200 денари месечно во наредните 6 месеци за домаќинства со ниски приходи
  • Обезбедени средства за исплата на поврат на ддв до 2.100 денари по корсник, за околу 540.000 корисници
  • 492 милиони евра за поддршка на приватниот сектор, за развој на малите и средни претпријатија преку поволни заеми
  • Субвенционирање на придонесите на нови и постојни вработени, за зголемување на платите на работниците од 3.000 – 9.000 денари
  • 36,2 милиони евра за зголемување на висината на платите во јавниот сектор, преку усогласување со порастот на минималната плата
  • Над 200 милиони евра во 2023 и 2024 за зголемување на плати во јавен сектор согласно општ колективен договор
  • Над 270 милиони евра за исплата на зголемените пензии за над 338.000 пензионери во 2023 и 2024 година.

„Помагаме на сите за надминување на потешкотиите во услови на зголемени трошоци на живот, како и во услови кога имаме продолжени ефекти од енергетската криза. Истовремено, преку економски оправдани политики, ја осигуруваме макроекономската и фискалната стабилност на државата.

Тешките времиња бараат и тешки одлуки. Но, и најголемите предизвици се решаваат со силна волја и напорна работа. Затоа што со напорна работа, нема недостижна цел.

Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на вицепремиерот за економски прашања, на министерот за финансии, на министерката за труд и социјала, на министерот за економија, на моите советници, на нивните колеги кои што во изминатото тромесечје напорно работеа на подготовката на овој пакет антикризни мерки којшто верувам дека е исклучително обемен и насочен кон оние на кои најмногу им се потребни финансиски средства“ рече Ковачевски.