На новинарско прашање на вчерашната прес конференција за гасификацијата, премиерот Димитар Ковачевски рече дека со завршувањето на магистралните гасоводи, се отвара можност за гасификација на градовите внатре, преку изградбата на секундарната мрежа.
Според него концептот на носење гас до домаќинствата е веќе напуштен. Новиот концепт е изградба на когенеративни централи на влезовите на градовите или на одредена точка во градовите, а потоа до домовите да оди топловодна мрежа. Ваков е планот за Битола, рече Ковачевски.












