ТЕРА

REKLAMA???

КОМИСИЈАТА ПРЕДЛАГА УКИНУВАЊЕ НА КОВИД СЕРТИФИКАТИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО ЗЕМЈАВА

Комисијата за заразни болести денеска препорача да се укине задолжителното поседување сертификат за вакцинација или прележаност на ковид-19 за влез во земјава. Потврдите и натаму ќе важат за влез во затворен простор на угостителските објекти.

Оваа обврска и натаму останува во сила за влез во ресторани, односно за такви видови услужни дејности во затворен простор затоа што Комисијата смета дека не е добро да се укине сè одеднаш, туку постепено.

„ Постепеното укинување на мерките дава резултат и тоа се гледа по секојдневниот пад на бројот на заразени“, изјави денеска портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ.

Новиот предлог за влез во земјава без сертификат за вакцинација или прележаност треба да биде усвоен од Владата.

Вчера Владата ја одобри претходната препорака на Комисијата и ја укина мерката за задолжително носење заштитни маски во затворени простории, освен во здравствени домови, аптеки, јавен превоз и во домовите за стари лица и установи за згрижување лица со посебни потреби.