ТЕРА

REKLAMA???

КОРЛЕВСКИ: БЕВМЕ И НА ФОРУМИТЕ, АМА НЕ НЕ СТАВИЈА НА СЛИКИТЕ НА ОПШТИНАТА

На плоштадот „Магнолија“ битолската СДМС и коалицијата, има средби со граѓаните, каде ги бележеа нивните предлози, мислења и сугестии креирањето на буџетот на Битола за 2024-та година.

Советникот од СДСМ, Борче Корлевски рече дека предлозите ќе ги преточат во амандмани и ќе се борат секој од нив да се најде во општинскиот буџет, затоа што како што велат ваши пари, ваши приоритети.

Од ВМРО ДПМНЕ беа обвинети дека за два часа или два дена сакаат да креираат буџет, притоа кажувајќи дека општината организирала неколку форумски сесии.

„Форумските сесии поминаа. Учествувавме и како коалиција и како СДСМ. Неформално можеби не нема во некои слики, како што тие милуваат на општинската страна да не постават, затоа ние како што претходно кажав ги имавме тие средби со граѓаните и во текот на кампањата на работното лето и од врата на врата и во сите тие проекти кои што ги има СДСМ, затоа што ова е само една завршница, финале, во кое што едноставно пред граѓаните ќе ги покажеме фактите дека Буџетот во 2023 година не го постигна реализираното , имаше два ребаланси, тензии, нелогичности, многу проблеми кои што на крајот резултираа и со политичка криза, затоа во 2024 година Битола не го заслужува тоа нешто, туку да има правилен развој со еден конкретен буџет“ вели советникот од СДСМ, Борче Корлевски.