Нема откажување од силна домашна економија, им порачавме на денешмната средба на компаниите членки на РЕгионалната стопанска комора Битола, порача Бисера Костадиновска-Стојчевска, коносителка на листата во петтата изборна единица, по денешната средба со стопанствениците.
„Владата на СДСМ во новиот мандат планира 180 милиони евра директна финансиска поддршка на домашните компании за инвестиции во производство и поттик на економскиот раст со 3,5 милијарди евра јавни капитални инвестиции.

Проектираме просечна стапка на раст од 5,1% во наредните четири години и ќе го оствариме тоа.
За да обезбедиме силна економија, го подготвуваме најголемиот и најамбициозен план во независна Македонија за модернизација на инфраструктурата во целата држава – потфат за кој предвидуваме инвестиции од над 2,7 милијарди евра.
Ветуваме изградба на 194 километри нови автопатишта и реконструкција на 950 километри патишта до 2028 година.

Во изминатиот мандат успешно се справивме со економската и енергетската криза. Донесовме девет пакети антикризни мерки вредни 2,6 милијарди долари. Спасивме 80.000 работни места во околу 20.000 компании. Им помогнавме на 661.000 домаќинства да не се соочат со ценовен шок со сметките за струја.
Мислевме и на нашите домашни компании. За поддршка на приватниот сектор во време на кризата обезбедивме 492 милиона евра. Дополнително, за првпат воведивме поддршка за нови инвестиции и со 100 милиони евра субвенции, поттикнавме 919 компании да инвестираат 500 милиони евра во нашата економија.

Ветивме просечна плата од 500 евра и не само што го исполнивме тоа туку успеавме да го надминеме ова ветување и просечната плата достигна 650 евра. За речиси три пати ја зголемивме минималната плата која сега изнесува 22.500 денари“ рече Костадиновска-Стојчевска.












