До каде се партиите со листите за парламентарните избори? Ова прашање е дилема најверојано многу повеќе кај самите партии, односно кај оние кои сакаат да се вдомат во пратеничките клупи во македонското собрание, отколку кај јавноста.

Таа и сега коментира дека откако ќе се помине Плетвар, заборавале од каде тргнале. Но, не треба да се генерализира, оти секогаш и во се има исклучоци.

Велат еден од нив е актуелната министерка за култура која од позиција на власт за Битола излобирала проекти, а тоа што не помина „Парк“, можеби дојде по битолски кажано во терсене време, не толку заради изборните рокови, отколку заради математиките. Ова е констатација на битолската ВМРО ДПМНЕ, која препознала кочење во битката кој да биде на добитно место на листата за пратеници.

Исто така вредно е да се споменат и излобираните пари за влезот на Битола, за кои информираа и пратеничките од ВМРО ДПМНЕ, Лозановски и Ангелевска.
И сите тие жени, согласни се за медицински факултет во Битола, за што постапката тргна откако пратеници од СДСМ го предложија, претходно го најави Костадиновка-Стојчевска, а и пратеничките од Битола стигнаа „да“.
Тие или тој или таа, пак си имаат свои аргументи дека тоа не било така околу „Парк“ и обратнопропорционално го возвраќаат ударот за наводно туркање на столчето на актуениот градоначалник.

Најголемата дилема сега кај владеачката партија е зошто ВМРО ДПМНЕ кажа за во сите изборни единици кои се носителите освен во петката, а од таму пат потсетуваат на времето од локалните избори кога до последен момент се чекаше името на кандидатот за градоначалник на СДСМ за Битола.
Пратеникот Пренџов од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ рече дека деновите се очекува да биде познат носителот на нивната коалиција во петката.
Од СДСМ засега нема конректни имиња, освен за единицата каде силите ќе ги одмерува партискиот лидери Ковачевски со Мицкоски.
А кој ќе се судри во петката односно во Битола? Зсега непознато е.
За тоа до каде е формирањето на пратеничките листи, првиот вицепремиер за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ во емисијата Клик Плус на ТВ 21, одговори дека повторно ќе има 12 носители, и тие 12 носители ќе бидат ударните играчи на парламентарните избори.
„Знаеме за единицата дека е сигурно дека тоа ќе биде претседателот Ковачевски, за останатите се уште разговараме, се уште се дискутира,“рече Маричиќ.
Во битолската чаршија се плетат разни комбинаторите со конкрени имиња, но партискиот молк е посилен во овој момент.
А, ако некои од нив прашате, одговорот е или се уште не знаат, или велат дека ќе ми биде чест ако ги предложат, (читај ако му ја прифатата кандидатурата), до тоа дека многу не се замарале со темата, ако ги одбереле ќе работеле со срце и душа.

Советот на Битола пак од петни сили се обидуваше да се одбрани од овие изборни циклуси. Но, не успеа, ете таму си кажаа кој што сака и кој што прави за сметка на друг. Ова беше на релацијата ВМРО ДПМНЕ-СДСМ и обратно.

А се сеќавате на прилогот за костумите, односно предупредувањето таквите советници партиски пресови да си ги држат надвор од Советот.

Но, ниту костумите ги соблекоа, ниту со нив излегоа надвор, тука останаа и си кажа тоа што сакаа. Се само не она за што во 2021 ги избраа граѓаните.
Факт е дека поудобни се пратеничките не клупи, туку ќе ги кажеме фотелји, оттколку овие тука каде навистина велат политичките опоненти, рака на срце да седиш во нив повеќе од два мандати ќе ти се смачи.
Во Битола доаѓа партискиот лидер на СДМС, Ковачевски. Можеби ќе бидат соопштени некои имиња, ако не, останува да препознаеме кој каде ќе биде нареден на промоцијата на партискиот изборен штаб.

И ВМРО ДПМНЕ во Битола отвори партиски изборен штаб, а таму наредени по протокол, кој засега не знаеме дали е вообичаеше шема според партиските функциите или со намера во изборниот фолклот.













