ТЕРА

REKLAMA???

ЛИДЕРИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН И ЕУ ГО ЗАСИЛУВААТ ПАРТНЕРСТВОТО ЗА СТАБИЛНОСТ

Премиерот Димитар Ковачевски, во рамки на посетата на Атина, по повод 20-годишнината од „Декларацијата од Солун” на Самитот ЕУ-Западен Балкан оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.

На средбата, како што соопштија од Владата, беа разменети мислења за најновиот развој на настаните во контекст на отпочнувањето на процесот на уставни измени, за кои земјата ја има поддршката на ЕУ со цел продолжување на процесот на европска интеграција на Северна Македонија. Беше истакната важноста на успешното завршување на процесот на уставни измени за натамошниот тек на процесот на европско интегрирање на земјата.

Премиерот Ковачевски и претседателката на европската комисија Фон дер Лајен, разменија мислења за текот на скрининг процесот и очекуваното отворање на првите кластери од преговорите.

Двајцата соговорници се осврнаа на продобивките за земјите од Западен Балкан од новиот план за раст на претседателката Вон дер Лејен, како што се приближувањето до единствениот пазар на ЕУ и продлабочувањето на регионалната економска интеграција, кои се исклучително важни за секоја од земјите. 

Клучно за земјите од Западен Балкан е да се забрзаат фундаменталните реформи, за што ЕУ ќе ги зголеми претпристапните средства за земјите од регионот.

Говорејќи за предностите на членството во ЕУ, уште еднаш беше потенцирано дека е од клучна важност да не се пропушти оваа шанса за членство на Северна Македонија во Унијата.

На средбата се разговараше и за состојбите и перспективите на земјите во регионот на Западен Балкан, чија евроинтеграција има геостратешка и безбедносна важност за цела Европа.

Ковачевски во рамки на дводневната посета на Атина, вечерва присуствува на неформалната вечера која ја организира грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, по повод навршувањето на 20 години од Самитот ЕУ-Западен Балкан во Солун и „Солунската декларација”. 

Покрај премиерот Ковачевски, на неформалната вечера присуствуваа претседателите на Европскиот совет, Шарл Мишел и на Европската комисија, Урсула Вон Дер Лејен, лидерите на земјите од Западен Балкан – српскиот претседател Александар Вучиќ, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, премиерката на Босна и Херцеговина Борјана Кришто и косовскиот премиер Албин Курти, како и премиерите од земји членки на ЕУ од регионот и пријатели на проширувањето – на Хрватска Андреј Пленковиќ, на Романија Јон- Марсел Чолаку и на Бугарија Николај Денков како и украинскиот претседател Володимир Зеленски и претседателката на Молдавија, Маја Санду.

Лидерите изразија силна поддршка и солидарност со украинскиот народ во нивната борба за враќање на слободата и потенцираа дека обединетоста околу враќањето на мирот е недвосмислена.

Во дискусијата на неформалната вечера лидерите од регионот разменија мислења за натамошниот тек на евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан и беше истакнато дека Западен Балкан е од стратешка важност за Европската Унија, што ќе придонесе и за стабилност и просперитет не само на регионот туку и на Европа во целост.

Лидерите од регионот испратија порака дека како никогаш досега е потребна силна политичка поддршка за побрза интеграција на Западен Балкан во ЕУ. 

Ценејќи ги вредностите на Европската Унија засновани на демократијата, владеењето на правото како и почитувањето на основните човекови права и слободи, земјите од Западен Балкан се фокусирани кон европската иднина. Како што стои и во Солунската декларација од пред две децении: „Европа ќе биде навистина обединета само откако сите земји во регионот ќе станат нејзин интегрален дел”.

На крајот од неформалната вечера лидерите усогласија заедничка декларација.