ТЕРА

REKLAMA???

ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ БАРААТ ПОВЕЌЕ ПРИСТАПНИ РАМПИ И КОРИСТЕЊЕ НА СПЕЦИЈАЛНОТО ВОЗИЛО

Две барања до градските власти од лицата со попречености. Трампевски вели дека тие како лица со попречености подолго време барале од општинските власти поголема пристапност низ градската инфраструктура.

„Да се направи низ Битола секаде да има пристапни рамки за со колички. Меѓутоа на тоа наше барање до нив, до сега немаат ништо направено. Само не известија дека требало да се чека. Колку да се чека не знам, еве сега фаќа зимата, немаат инвалидите каде да одат, каде да се качат, секаде треба да има рамки како што е во странство. Ние му напишавме се и тие сега треба тоа да си го спроведат“ вели Роберт Трампевски.

Второто барање е за ставањето во употреба на возилото кое пред неколку години беше набавено, а е специјално возило за транспорт на лица со попречености.

„Има лица со посебни потреби кои се во количка. Не можат да излезат. Им треба да можат да одат низ градот или да го однеси каде што има некоја потреба. Ние бараме само по потреба. Или да се одреди време, термин од колку до колу часот ќе се вози, тие лица со посебни потреби треба тие да имаат предност, тоа возило е специјално наменетио за тие лица“ вели тој.

За ова побаравме и добивме одговор од општината, а во него се вели дека  Општина Битола, континуирано работи на подобрување на состојбите на лицата со попреченост, за што се реализираат повеќе проекти согласно Програмата за социјална заштита на Општина Битола.

Во овој дел, ги споменуваат и обуките за лични асистенти за лица со попреченост, издвојувањето на средства за изградба, адаптација или поставување на инфраструктура и опрема за физичка пристапност во домот на лицата со попреченост, во спортската сала, во Центарот за социјална работа, официјално беше ставена во употреба спортската сала каде лицата со попречености имаат повеќе можности за физичка активност.

Со цел подигнување на свеста за општествена активност на лицата со попреченост и зголемено учество на слепите лица, општина Битола, преку програмата за социјална заштита, поддржа активности, со кои на лицата со оштетен вид им се овозможува поголема достапност до општината, а со тоа и до општинските услуги преку поставување на 25 табли со Брајово писмо. Отворен е нов кабинет за психомоторна реедукација во Центарот  за поддршка на учењето на децата со попречености при ООУ „Ѓорѓи Сугарев”.

Во соработка со невладиниот сектор, Битола доби нови можности за претставување на најважните културно-историски споменици до лицата со попреченост.

Во ОУ „Елпида Караманди”, во тек е реализацијата на проектот за реконструкција на тоалети за лица со посебни потреби.

Во врска со превозот на лицата со телесна попреченост, Ве известуваме дека, во јавниот превоз кој го организира општината, вклучени се возила со пристапна рампа, додека за возилото за лица со попреченост, набавено од општината, меѓуопштинското претпријатие за јавен превоз на патници ПЕЛАЛИНК, е во постапка на обезбедување на потребните дозволи и лиценци за работа, велат од Општина Битола.