ТЕРА

REKLAMA???

ЛОЗАНОВСКА: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ СЕ ИЗБОРИ ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ СРЕДСТВА ЗА ВЛЕЗОТ НА БИТОЛА

Пратеничката од ВМРО ДПМНЕ, Олга Лозановска во емисијата „Директно“ на Тера телевизија вели дека многу и пречи кога влегова во Битола во темницата која постои со години наназад.

„Затоа претседателот се потруди и се избори да се обзбедат средства да се направи влезот во Битола. Тендерската постапка е веќе започната и тој влез ќе започне да се гради, конечно Битола барем од едната страна ќе има убав влез“ рече Лозановска.

Ја правме каква е состојбата со патната инфраструктура,  сега кога тие на терен остваруваат средби со жителите и за тоа што направи Коњановски во овој период?

„Коњановски си ја започна од почеток работата, прво ги продолжи започнатите проекти, не ги стопираше, 20 километри патишта има направено, паркингот околу спортската сала, паркот сега се направи, сега осветлување, го дозаврши стадинот кој што беше започнат уште во времето на Владимир Талески, уште два паркинзи се направени“ вели Лозановска.

А кога СДСМ вели дека стадионот го направи Петровска и дека Мицкоски само се слика на него, Лозановска одговара.

„За да се направи нешто, треба прво да се изработи проектот, да се обезбедат пари, па да се започни со работа, тоа е долг процес за стадионот и сите градоначалници, едниот го започнал, другиот продолжил да го гради, а третиот го доизградил. Ете и офицерскиот дом почна да се реставрира, градоначаникот успеа партерно уредување, освелување да направи, тоа е убаво за граѓаните, за сите нас е убаво, за градот е убаво, кога ќе излезиш на шеталиште да ти е пријатно, а не да е руина“ вели пратеничката од ВМРО ДПМНЕ.