Утрово -6 степени во Берово, -5 Прилеп, -4 Скопје-Петровец, Битола, Струмица, -3 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Маврови Анови, Попова Шапка, -2 Претор, Штип, Демир Капија, -1 Крива Паланка, Виница, Крушево, Дебар, Велес, Кавадарци, 0 Охрид, Куманово, 1 Гевгелија, 4 Дојран.
Во текот на ноќта времето беше ведро и претежно тивко, а утрово е сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини има појава на магла и намалена хоризонтална видливост од 50 до 200 метри.
Времето денеска променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени. Во Битола до 6 степени.












