ТЕРА

REKLAMA???

МАКЕДОНИЈА ПРОТЕРА ТРОЈЦА РУСКИ ДИПЛОМАТИ И ЕДЕН СВЕШТЕНИК

Тројца руски дипломати неодамна се прогласени за персона нон-грата, односно ќе бидат протерани од Македонија поради кршење на дипломатскиот код поради нивна сомнителна активности, објави порталот Алмакос, повикувајќи се на извори во Министерството за надворешни работи (МНР).

Од информациите добиени од надлежните органи, овие лица вршеле дејствија што се спротивни на Виенската конвенција за дипломатски односи и во следните 5 дена ќе треба да ја напуштат територијата на Македонија.

Властите на Северна Македонија, На 12 септември, без објаснување на причините, прогласија три дипломати на Руската Амбасада во Скопје за „персона нон грата“, објави на социјалните мрежи, портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.