Убавината на македонската песна надалеку плени, па така песната „Македонско девојче“ беше отпеана од „Barcelona Gipsy BalKan Orchestra“ и ги собра сите аплаузи од публиката на нивниот настап во Минхен, Германија. Оваа група ја отпеа и „Море сокол пие“ на концертот во Барселона.
Кога мелодијата плени, кога орнаменталниот звук ќе те вознесе се креваш и ракоплескаш и кога не го знаеш текстот. Таков е и односот на публиката на оваа извонредно вдуховена изведба на оркастарот од Шпанија.

„Barcelona Gipsy BalKan Orchestra“ оваа лето од август е на голема турнеја низ Балканот. Во август настапуваат во Херцег Нови во Црна Гора, потоа во Дубровник, Хрватска, во Мостар, БиХ, а во септември продолжуваат во Унгарија и Чешка. Интересно е што на репертоарот имаат и македонски песни.
Музиката нашиот културен амбасадор, ги отвара границите на Балканот и го освојува со својата убавина.












