„Кралот на валцерот“ од Холандија, Андре Риу одржа концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Тој во Македонија настапи со својот „Јохан Штраус оркестар“, најголемиот приватен оркестар на светот, кој брои 60 членови. Легендарниот виолинст ја поздрави публиката со „Добро вечер“. Она што беше најинтересно за публиката беше изведбата на „Македонско девојче“.

Концертот беше во организација на Пасворд продукција. Истиот беше незаборавно доживување за сите присутни, кои имаа можност да уживаат во светски познатите, романтични и мелодии полни со душа, како и со многубројни изненадувања и првокласни интернационални солисти.
Концертот траеше 3 часа а светски познатиот виолинист беше испратен со стоечки аплаузи.












