ТЕРА

REKLAMA???

МАТЕВСКИ: НАШЕТО ЗАЛАГАЊЕ Е ДА ГИ ОДРЖИМЕ РУДНИЦИТЕ И ДА ИМАМЕ ПРОИЗВОДСТВО

Вечерва гостин во емисијата „Директно“ на Тера телевизија, беше генералниот директор на РЕК Битола, Пеце Матевски со кој зборуваме за состојбите и иднината на комбинатот.

Вели дека не треба да се прават споредби, затоа што се работи за различни периоди со различи услови, состојби и ресурси.

„Ако нешто споредуваме треба да видиме со кои ресурси располагаме. Времето пред 20 години и сега не е исто. Ние рудникот „Суводол“ го ископавме и го немаме повеќе, тој квалитетен јаглен го немаме, машините се стари и амортизирани, не е исто пред 20 години сега.

Според сите испитувања што се правеле во минатото, сега овој јаглен кој што го користиме е посиромашен, со помала калорична вредност или треба да го согоруваме со мазут или треба да го мешаме, значи ние правиме се за да обезбедиме стабилно производство, плата на вработените и нормално бенефит да имаат граѓаните.

Затоа ќе кажам дека не можеме да споредуваме едно со друго време. Не можеме на вага да ги ставиме тие две работи. Ние сега треба да се концентрираме според издашноста на самите капацитети, на рудниците и според тоа да проектираме колкаво ќе биде нашето производство.

Затоа ќе кажам за да им биде јасно на граѓаните, тоа време, златното доба на РЕК Битола помина, сето ова што се прави, што се преземаат ваквите чекори е да работи комбинатот, да произведува и да има плата пред се за работниците“ вели Матевски за Директно на Тера.

Прашавме што е поисплатливо за производството на електрична енергија, употребата и на мазут или увоз на јаглен?

„Најдобро е да го мешаме јагленот, затоа што со тоа од една страна ќе се збогати, односно ќе се продолжи векот на рудниците, а ќе имаме и повеќе мегавати. Наша цел е да го продолжиме векот на нашите рудници и векот на РЕК Битола“ вели тој.

Тој вели дека мазутот мора да се користи во РЕК Битола како реагенс, за поддршка на горењето, котлите се така проектирани, така и работи.

„Тоа што ние од се правиме политика, тоа е баша друго дваесет. Затоа ќе кажам дека нашето залагање е да ги одржиме рудниците и да имаме производство. Тоа е она што треба да ги интересира граѓаните, да има дома струја“ вели генералниот директор на РЕК Битола.

Матевски повтори дека тие немаат намера да го затворат комбинатот, како што тоа во политички цели го користи опозицијата дека кога тие ќе дојделе ќе го спаселе РЕК од затворање. И најави уште едно зголемување на платите по изборите.