ТЕРА

REKLAMA???

МАТЕВСКИ НАЈАВИ УШТЕ ЕДНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ВО РЕК БИТОЛА ПО ИЗБОРИТЕ

Со генералниот директор на РЕК Битола, Пеце Матевски во емисијата „Директно“ на Тера зборуваме и за платите и условите за рабоита во комбинатот.

„Синдикатот е гласноговорник на работникот. Ние седнавме на маса, нормално синдикатот го направи успехот за да имаме повисоки плати. Од моето доаѓање на чело на комбинатот еднаш беше 5 проценти зголемена платата и сега последно уште 15 проценти. Така што врботените добија освежување на своите плати, така што имаме и повисоки плати. Но, сепак на вага треба да ги ставиме и работните услови“ вели Матевски.

Додава дека плата е бројка, а за тоа колкава е, рече дека зависи од работната позиција.

„Сепак ќе кажам, кога ќе ги ставите на една вага условите, значи зима-лето, без разлика дали врнело или не врнело треба надвор да бидат луѓето, да работат и спрема тоа што го земаат, јас мислам дека работниците треба да земаат многу повеќе. Затоа што нивниот влог, пожртвуваноста што ја имаат кон комбинатот, да знаете дека секој работник си го сака РЕК Битола, си ја сака работата и максимум се вложува да се произведе таа електрична енергија, но ќе кажам дека работниците во РЕК Битола заслужуваат многу повеќе, повисока плата“ вели тој.

Прашавме и за тоа што прави компанијата во делот на безбедноста.

„Имаме обуки за безбедност при работа, имаме служба која се грижи за тоа, сите нормативи за безбедност и здравје при работа се спроведуваат во РЕК Битола. Така е и ќе продолжи така. Грижата е колку луѓе ни идат на работа, толку луѓе да се вратат од работа, затоа што работата каде што работат нашите работници е навистина тешка, можеби во термоелектраната е во затворен дел нивната работа, но таму те демнат други опасности, температури, притисоци,  ред други работи, додека во рудниците работата е надвор, големи машини, големи булдожери, затоа велам работата во РЕК Битола е тешка и нашите работници заслужуваат повеќе. И тоа дека после избори да, ќе има повисоки плати. Нормално е работници да ни бидат задоволни.“ рече Матевски.