Битолскиот Универзитет денеска ја реализира работилницата со наслов „Математичко моделирање на исхрана за млади и тие кои се чувствуваат млади“. Оваа работилница е првата од низата работилници на различна тема од кои и битолскиот Универзитет и деветте членки на Алијансата на европски Универзитети „КОЛОРС“ се надеваат дека ќе произлезат наставно-научни програми.
Првата работилница во рамките на проектот и Алијансата КОЛОРС се реализира денеска во просториите на правниот факултет на битолскиот Универзитет, но од областа на нутриционизмот.
„Навистина сме горди, благодарни сме на храброста и секако на најкомпетентните и најнаградуваните, како професорката Весна Книгхтс кои би ја повлекоа ваквата иницијатива. Една од мотивациите покрај содржината и градењето на компетенции се и сертификатите затоа што се обидуваме да размислиме што би им користело на учесниците, да биде win-win менталитет. Меѓутоа ова е за студенти од прв,втор, трет циклус, за сите членови на Алијансата, но и за поширокото граѓанство, стручни кадри, академски кадри, бидејќи темата е мултидисциплинарна и како што е се во Алијансата, проблемски ориентирано, значи, имаме нешто што се обидуваме да го адресираме.“ – вели проф. Рената Петровска Нечаковска, академски координатор на Алијансата КОЛОРС во битолскиот унивезтиет.

Насловот на работилницата асоцира на навиките на некои љубители на колачиња на пример, да ги изборјат првите две, а потоа да продолжат со колачиња без броење.
Математика и исхрана како поими заедно во еден наслов е невообичаен спој, но многу ефективен, вели д-р Весна Книгхтс од Технолошко-техничкиот факултет Велес, предавач на работилницата. Дека прекумерната, исхрана води до зголемени ризици по однос на здравјето многумина не знаат, а би требало да се знае.
„Моделирањето е всушнот тоа што ние во реалниот свет преку равенка можеме да го претставиме и тоа е многу конкретно и мислам дека ние во математиката премногу со зборови неможеме да објаснеме колк што може со формула. Значи, се тоа што сакаме да го прикажеме го прикажуваме со со формула, а потоа и евентуално и со софтвер, компјутерски алатки. Било што да правиме треба да имаме некоја бројка, некоја одмереност или некоја контрола којашто се вика граница во однос на моделирањето. Ова што се случува со моделирањето е само да станеме посвесни колку нам ни треба енергија, колку трошиме, и всушност сами да можеме со ресурсите, студентите да си најдат ресурси, да си ги пресметаат калориите за да имаме здрав развој и наталитет во нашата земја.“ – објасна непосредно пред работилницата проф. Д-р Весна Книгхтс дел од предавањето.

Оваа работилница ја следеа студенти од Универзитетот, но и многу нивни колеги од неколку земји од Европа, вели проф Рената Петровска Нечаковска.
„Поканата за ваквите работилници секогаш ќе ја споделуваме на нашата страница, на нашиот профил на УКЛО и , сите работи се репостирани, респоделени на ниво на Алијансата за да може да бидат поканети сите членови и партнери и нивните соработници, нивните екосистеми ( универзитет, бизнис,студенти н.з); всушнос станува збор за импакт врз илјадници европски граѓани и нашите држави и региони. “ – вели проф. Рената Петровска Нечаковска.

Од минатиот месец универзитетот Св. Климент Охридски е дел од Алијансата на европски Универзитети, којашто овозможува студирање на странски факултети од удобноста на родната земја. Денешната работилница е вовед во договорената соработка.












