Во завршна фаза е тендерската документација за пречистителната станица во Битола, информираше денеска министерката за животна средина Каја Шукова во присуство на кандидатот за пратеник Методија илиевски и советничката од Советот на Општина Битола, Мирјана Захариевска-Ралевска.
Шукова во својата изјава се осврна и на ревитализацијата на канализациониот систем за собирање и третман на отпадни води, како и за камионите, кантите, контејнерите за јавното претпријатие „Комуналец“ за современ третман на отпад.












