ТЕРА

REKLAMA???

МИТРЕСКИ: МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗАСЛУЖУВААТ ЕВРОПСКА ИДНИНА

Носител на СДСМ и коалицијата во петтата изборна едници за парламентарните избори е Јован Митрески, актуелен претседател на Собранието на Македонија.

„Им благодарам на моите сопартијци и другари за довербата да ја предводам изборната листа на СДСМ и Коалицијата во петтата Изборна единица.

Вечерва, од овој Конгрес на СДСМ, каде се обединети сите прогресивни сили, најавувам уште една победа, победа која ќе овозможи подобар животен стандард, просперитет и развој, но и забрзан евроинтеграциски процес. Македонските граѓани заслужуваат европска иднина, со европски вредности дома. Нема откажување од иднината“ напиша Митрески на својот Фејзбук профил.

Коносител, односно втора на листата во оваа изборна единица е Бисера Костадиновска-Стојчевска, потпретседателка на СДСМ и актуелно министерка за култура.