ТЕРА

REKLAMA???

МИТРЕСКИ: СДСМ НЕ Е ПАРТИЈА ШТО СЕ ОТКАЖУВА

СДСМ не е партија што се откажува, порача носителот на листата на СДСМ и Коалицијата во петтата изборна единица Јован Митрески, кој заедно со коносителката Бисера Костадиновска-Стојчевска беа дел од претседателскиот караван во Охрид.

„СДСМ и граѓаните ќе се спротивстават на сите кои сакаат да го вратат режимот назад и повторно да не одведат во изолација.

Затоа, Охрид, охриѓани и граѓаните на Македонија на 8 мај ќе се спротивстават на политиките на поделби и назадување.

Заедно со нашиот претседател Стево Пендаровски и Коалицијата предводена од СДСМ не отстапуваме од идејата да направиме прогресивна, просперитетна и европска Македонија!

Нема откажување од иднината! Охрид на 8 мај го заокружува број 1, за подобра иднина“ напиша на својот фејзбук профил Митрески.