ТЕРА

REKLAMA???

МИЦКОСКИ ВО ПОСЕТА НА НОВАЦИ

На големиот христијански празник Рожденство на Пресвета Богородица денеска во посета на Општина Новаци лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Дојде заедно со потпретседателот на партијата Александар Николовски, а ги пречека градоначалникот на Новаци Стевче Стевановски. Ми причинува големо задоволство што денес на големиот христијански празник Рожденство на Пресвета Богородица ни дојде на гости во манастрирот во Новаци претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Хрстијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски.

Тоа е чест и за мене и за нашите граѓани, манастирот е место на кое се собираат многу луѓе на овој ден, а покрај тоа ќе можеме да видиме и дел од работите кои општина Новаци ги реализира на терен, рече градоначалникот Стевановски.

„Во моментов реализираме дел од програмата за асфалтирање на локални улици и патишта која изнесува за годинава околу 8 милиони денари и со оваа програма ширум општината ќе се афлатираме околу 2,5 километри улици и патишта каде е потребно и неопходно.Ќе одиме на уште една локација на која се работи овој период, тоа е реконструкцијата и рехабилитацијата на фудбалскиот стадион во Новаци. Да се пофалиме дека фудбалскиот клуб од Новаци се натпреварува во Втора лига на Македонија и тоа е голем успех и предизвик за нас, а како резултат на тоа, потребите на Фудбалската федерација беа такви и ние моравме да се прилагодиме на тие услови. Општина Новаци со околу 3,5 милиони денари вложува во фудбалскиот стадион во Новаци го прави да биде стадион каде може да се натпреваруваат сите и од сите рангови на фудбалски натпреварувања во Македонија“, изјави Стевановски.

Честитајќи го празникот лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека за неколку месеци, доаѓа нова силна влада која ќе ја врати Македонија на победничките патеки.

„За мене претставува посебна чест и задоволство што сум денеска на покана на градоначалникот, на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ овде во Новаци поканет да бидам дел пред се од оној голем народен собир кој што секоја година традиционално се случува овде на овој ден по повод големиот христијански православен  празник.

Истовремено посетата ќе ја искористиме да посетиме дел од проектите кои што градоначалникот со поддршка од дел од советниците нормално и администрацијата се трудат да реализираат во услови кога имаме исклучително големи предизвици насекаде во општините каде што имаме градоначалници од редот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Зошто велам предизвици? Затоа што владата на СДСМ-ДУИ или ДУИ-СДСМ, оние општини каде што граѓаните во 2021 година гласаа за градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, гледаат  на било каков начин да ги опструираат, да ги попречат во работата, не инвестираат во тие општини, мислат дека така ги казнуваат нормално граѓаните зошто тие гласале за градоначалниците од редот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Но, добрата вест е што за неколку месеци од денеска ќе имаме нова влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Имаме силен план, јасен план како Македонија да ја вратиме повторно  на победничките патеки и како општините да ги развиеме со еден исклучок, а тоа е дека ќе инвестираме во сите општини без разлика дали е градоначалник од редот на ВМРО-ДПМНЕ, СДС, ДУИ, Алијансата за Албанците, БЕСА или некој друг независен градоначалник, бидејќи должност на владата е да инвестира насекаде, на целата територија, а не само онаму каде што таа мисли дека треба, а најчесто мисли во оние општини малку, за волја на вистината каде што имаме локална самоуправа која што сеуште има градоначалник од редовите на владеачките партии“, изјави Мицкоски.

Градоначалникот на Новаци информираше дека вчера почнале со изградба на детски парк, проeкт со вкупна вредност од 2, 2 милиони денари.