ТЕРА

REKLAMA???

МОЖНОСТ „НИСКОГРАДБА“ ДА ОСТВАРУВА ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРИХОДИ

На седница на Комисијата за финансии и буџет се најдоа две точки за битолска „Нискоградба“, со кои ќе се овозможи ова јавно претрпријатие да остварува дополнителни приходи.

Пред членовите на комисијата барањата ги образложи директорот на „Нискоградба“, Зоран Талевски, истакнувајќи дека досега немаат случено договор со Општина Битола.

Едната точка се однесува на решение за давање согласност на Одлуката за поднесување на барање за донесување на Одлука на Советот на Општина Битола за склучување на договори на Општина Битола со КЈП Ниског радба Битола за реализирање на Програмата на Советот на Општина Битола за изведување на градежни работи за санација на коловози со тампон од дробен камен со примена на член 24 од ЗЈН, а другата точка е решение за давање согласност на Одлуката за донесување на ценовник за изведување на градежни работи на КЈП Нискоградба Битола за потребите на Општина Би тола – санација на коловози со тампон од дробен камен.

Овие точки ќе се најдат и пред советниците на седницата на Советот закажана за следната недела.