За време на посетата на Битола, го прашавме претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за тоа кога ќе бидат познати носителите на листите во изборните единици за парламентарните избори.
Тој неодамна соопшти дека тој во име на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, ќе биде носител во првата изборна единица.
„Се уште не сме ги определиле официјално носителите, иако јас самиот за себе се претставив како потенцијален носител во изборната единица еден. Набргу јавноста ќе ги дознае носителите во останатите изборни единици и исто така се подготвуваме за конвенцијата за избор на претседателски кандидат позади кој ќе застане ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата“, рече Мицкоски.












