80 години се навршуваат од почетокот на настава во образовните институции на државата на македонски јазик. Оваа генерација раководство, професори и ученици на Гимназијата „Јосип Броз-Тито“ одлучија да направат одбележување посветено на секој и сите поврзани со историјата на македонскиот јазик и историјата на оваа реномирана битолска образовна институција.

Неколкудневно одбележување со разнородни настани најавија денеска од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во пресрет на одбележувањето на 80 годишнината од почетокот на одржување на настава на македонски јазик. Вклучени се настани во кои учествуваат бројни ученици со своите професори/ментори за овие воннастанвни активности кои се во функција на одржување на споменот и потенцирање на значењето на едно од битолските и македонски најзначајни училишта. Директорката Лидија Споа потсети на историјата.

Екпериментум Mакедоникум! Вака работно, веќе и официјално е насловена свечената академија којашто на 6 февруари ќе го одбележи 8 деценискиот јубилеј. Гимназијата ќе понуди сценско-играна слика во сите настани, a, pрофесоракта Даниела Петровска четврта година со ред е координатор на настаните поврзани со организираното чествување на овој значаен ден од македонската, историјата на современиот македонски јазик.

Свечената академија ќе биде последната од низата настани предвидени во текот на првата недела од месец февруари, подготвувани 7 месеци од професорите и учениците во гимназијата. – литературни , сликарски дела, фотографии, филмови, – уметничко-документарни проекти се дел од јубилејното прославување.

Програмата за одбележуавње на 80 годишнината од одржувањето на првиот час на македонски современ јазик ќе се реализира од 3 до 6 февруари, во гимназијата, во центарот за култура, магазата и културниот и информативен центар. Малата жолта програма може да се најде и на сите интернет форми и содржини поврзани со Гимназијата.











