ТЕРА

REKLAMA???

„НА ВАСИЛИЦА ВО ПРИЛЕП“

Ден пред празникот, сакам да ви ја честитам православната нова година или Стара нова година како што уште и си ја нарекуваме, традиционален празник кој се прославува како почеток на Новата година според јулијанскиот календар, рече во своето обраќање градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчевски на манифесатцијата „На Василица во Прилеп“.

На празникот Св. Василиј Велики-Василица, кој што традиционално се празнува во Прилеп и е една од општините во Македонија, каде што на овај празник традиционално вртат пита или лепче со паричка и според обичаите се верува дека во текот на годината ќе го следи среќа оној на кој што ќе му се падни паричката.

Градоначалникот им се заблагодарам на општествено одговорните компании, пекари, винарии и ресторани кои што дадоа свој придонес за реализација на овој настан.

„Поделивме парче бурек, топол чај и греано вино за сите присутни, а за најсреќниот граѓанин кој што ја најде паричката, подаривме еден скромен и симболичен подарок, со кој што му посакавме здравје, среќа и бериќет него и на неговото семејство.

Сакам да испратам една порака од денешниов настан, да бидиме горди преносители на нашата македонска традиција, на нашите православни празници, и да се трудиме да ги продолжуваме и негуваме нашите обичаи кои што претставуваат корени на нашето постоење и со кои што и тоа како се истакнуваме и ја промовираме нашата македонска култура во светот. Нека е за многу години да сме здрави и живи“ рече Јовчески.

Фотографии: Општина Прилеп