ТЕРА

REKLAMA???

НА ФЕСТИВАЛОТ НА МОНОДРАМА ГОСТУВАШЕ ПОЛСКАТА ПРЕТСТАВА „КОНТРАБАС“

Претставата Контрабас е по делото на авторот Патрик Сускинд, во режија на Кристоф Пулковски и во изведба на актерот Кристоф Рогачевич.

Станува збор за приказна за музичар кој е вработен на најниското ниво на хиерархијата на оркестарор- како басист. 

Дејството се случува во собата                                                                                 на несреќниот херој. Неговиот неитересен, неуспешен живот подреден на најнеблагодарниот инструмент , за кој ниту еден композитор не сака да напише концерт, кој секогаш бил на последно место во оркестарот.  Во претставата, контрабасот кој станува центар на сценскиоте настани, и физички и драматично, придружувајќи го скромниот музичар во секој момент од неговиот просечен живот- на професионално, семејно и општествено ниво – со потсмев ги коментира сите неуспеси, разочарувања, неисполнети планови и желби на херојот.

Наративот на контрабасот, прошаран со музички дигресии всушност е еден вид на исповед, саморефлексија, обид да ја систематизира својата биографија, чиј јунак се обидува да даде форма и смисла.  После некоја чаша алкохол повремено, музичарот се сеќава  на неговата (неуспешна и неимпресивна) кариера, неговите љубовни врски (исто така неуспешни), и на крај ја дефинира специфичноста на музичкиот свет со неговата внатрешна хиерархија, начин на комуникација и закони.  Сепак,  со секоја нова чаша алкохол приказната го губи својот оригинален карактер, претворајќи се во минато полно со горчина, осаменост, неисполнетот, кои музичарот тешко може да ги маскира со анегдоти.