Од Општина Битола соопштија дека трета година по ред ќе ја реализираат акцијата Генералка викенд.
„Позитивните искуства од двете претходни акции, покажаа големи резултати со вклученост на многу граѓани од сите генерации, институции и организации. Пред нас е повторно период на заеднички организирана и масовна акција за подигнување на јавната свест, заедничко делување и почиста животна средина“ стои во инфромацијата од општината.
Акцијата ќе се случи на 17 мај.











