ТЕРА

REKLAMA???

НЕВРЕМЕ ВО ИТАЛИЈА, АВСТРИЈА И ФРАНЦИЈА

По неколку недели интензивни горештини и суша, областите на централна и јужна Европа беа погодени од силно невреме во кое загинаа најмалку 13 луѓе, меѓу кои и три деца, пишува Дојче Веле.

Смртни случаи, најмногу поради паѓања на дрва, се пријавени во Италија и во Австрија, како и на францускиот остров Корзика. Силниот дожд и ветер ги уништија камповите на островот. На Корзика ветерот кој дуваше до 224 километри на час, корнеше дрва и оштети куќи.

Тамошните власти соопштија дека дрво кое паднало во кампот убило 13-годишно девојче. Маж загинал во сличен инцидент, а една постара жена починала кога нејзиниот автомобил удрил во колиба на плажа. Уште две лица, рибар и кајакарка, загинале во морето.

Повеќе десетици луѓе се повредени и на копно и на море. Очевидците велат дека невремето било ненадејно и не било за него издадено предупредување.

На француското копно, некои јужни области беа погодени со прекини на струја, а поплавени се и улиците во Марсеј.

Во Австрија загинаа две девојки кога на нив паднало дрво во близина на езерото во Корушка.

Во меѓувреме во Италија, маж и жена загинаа поради паѓања на дрва во одвоени несреќи во регионот Тоскана. Силните ветрови ја погодија и Венеција, носејќи чадори за сонце од кафулињата на плоштадот Свети Марко, а од ѕидовите на катедралата се урна дел од фасадата. Невремето ги погоди поморските одморалишта во Тоскана и посеверно во Лигурија.

Но топлотниот бран продолжи во јужна Италија, а на Сицилија се забележани температури и до 40 степени.