Јавното претпријатие Национални шуми соопшти дека на територијата со која стопанисува ПШС „Бигла“ од Демир Хисар на ден 18.04.2022год. при контрола на шумочуварската служба на регионалниот пат Демир Хисар- Битола, е затекнато моторно возило “Комби” со кое се превезувало дабово огревно дрво.
При интервенција на шумочуварската служба на ПСШ.Бигла-Демир Хисар и асистенција од СВР-Битола истото возило било запрено.
По извршената контрола е утврдено дека дрвната маса била нежигосана и без испратница во количина од 4 м кубни.
Поради непоседување соодветна документација за превоз на огревно дрво, возилото било одземено и предадено на полициската станица во Битола за понатамошна постапка.
Против сторителите од страна на шумочуварската служба ќе бидат покренати постапки пред надлежен орган, стои во информацијата од Национални шуми.












