ТЕРА

REKLAMA???

НИКОЛОВСКИ: СТРАТЕШКИ ПРОЕКТ КАКО ЧЕБРЕН СЕ ГРАДИ СО ПОДДРШКА

„Чебрен е еден стратешки проект којшто сите овие години, и оваа влада и претходната којашто имаше повеќе од 10 неуспешни обиди да го спроведе со самото тоа што сакала да ги спроведе веројатно, сакала да каже дека е добродојден тој проект. Сами за да изградиме еден таков објект треба да знаеме која ни е финансиската состојба во државата и финансиските импликации. Анализите покажуваат дека такви проекти се градат со поддршка, дали на Европската развојна банка, дали на Светска банка и тн. Со цел да не го оптеретиме нашиот финансиски буџет од којшто треба да ги исплаќаме платите, пензиите, и се останато“ изјави Дарио Николовски, директор на Агенција за енергетика во интервју за Сител телевизија.

Тој додаде дека тој претпочита градење на домашни капацитети и што е можно повеќе домашни компании да бидат вклучено во тоа, но доколку анализите покажат дека тоа е подобро финансиски за државата, смета дека и тоа е избор.

Николовски рече дека четирите инвестиции во енергетиката значат производство на електрична енергија, намалување на CO2, и добробит на стандардот на граѓаните.

„Ова време во коешто функционира и раководи оваа Влада за разлика од претходно според мене е многу подемократско и дозволува секој да има свое мислење. Луѓето од владината коалиција имаат став дека инвестициите се добродојдени заради тоа што истите значат енергетски суверенитет на држвата. Вредноста на четирите инвестиции од енергетиката надминува над 750 милиони евра. Инсталираниот капацитет би бил некаде над 850 мегават часови, или нешто повеќе од цел РЕК Битола, којшто во периодот работи со намалено темпо знаејќи колку е стар и во каква состојба е. Верувам дека ниту еден граѓанин не може да биде против инвестиции коишто носат од една страна заштита на јавното здравје, бидејќи знаеме дека Скопје во зимскиот период е еден од најзагадените градови. Овие инвестиции значат производство на електрична енергија, намалување на CO2, и добробит на стандардот на граѓаните“, изјави Николовски