Поврзувајќи осум балкански земји, новата велосипедска патека Транс Динарика се провлекува низ некои од најубавите и најмалку посетувани предели на континентот.
За искуствата во текот на возењето по оваа патека, велосипедистката Joanna Chmara, раскажува во својата статија за BBC.

“Првите грммотевици ме дочекаа во Тушиња, мало црногорско село со само неколку куќи и една православна црква на рид. Немав сила да искачам уште една стрмна патека, па слегов од велосипедот и започнав да го туркам кога слушнав некој човек како вика и мавта со раце, поканувајќи ме во неговиот двор. „Кафе? Ракија?“ ме праша тој, додека го потпирав велосипедот на една јаболкница и влегов во неговата куќа. Тој ја покри масата во кујната со домати, леб и сирење за мене и за неговите двајца работници кои редеа плочки во другата соба.
Преку чадот од цигарите, мојот домаќин и неговите балкански работници љубопитно ме гледаа, ретка појава во ова село: турист. Возев од Подгорица, Црна Гора до Сараево, Босна и Херцеговина по Транс Динарика, новата велосипедска патека која официјално беше отворена во јули 2024 година и поврзува осум балкански земји. Со должина од 5.500 километри од Словенија на север до Албанија на југ, патеката се протега низ национални паркови, места заштитени од УНЕСКО и оддалечени села, додека преминува преку Динарските Алпи, еден од најнеприкосновените и најмалку посетуваните предели на Европа.“ го започнува своето раскажување Јоана.

Патеката е инспирирана од Via Dinarica, популарната пешачка патека која беше отворена во 2010 година со цел повторно да ги поврзе луѓето преку границите на овој поранешен регион погоден од војни и да привлече повеќе туристи во помалку познатите делови на Балканот. Додека толпи туристи се упатуваат кон приморските одморалишта во Хрватска и Црна Гора, кривулестите планини, неистражените реки и драматични кањони на Западниот Балкан остануваат непознати за повеќето патници.
Но, не само неистражената природа е привлечна на Динарските Алпи. Повеќе од 30 години по распадот на Југославија на шест одделни држави и низ серија на етнички конфликти во 1990-тите, регионот сега е мозаик од култури. Католици, муслимани, христијани, Срби, Хрвати, Албанци, Словенци и други народи сега живеат како соседи. Примери за оваа балканска мултикултура се сретнуваат насекаде низ Транс Динарика.

Антички хеленистички руини, православни манастири и отомански градови сведочат за богатото минато на Балканот, додека природни чуда – како канјонот на реката Тара во Црна Гора (најдлабок канјон во Европа) и Охридското Езеро (најстаро езеро во Европа), се наоѓаат долж патеката.
„Јас бев последната генерација деца која порасна во Југославија, учејќи српско-хрватски јазик со сликата на Тито на ѕидот во училницата,“ изјави Јан Клавора, извршен директор на словенечката агенција за надворешни авантури Visit Good Place и еден од креаторите на Транс Динарика. „Се надевам дека Транс Динарика може да го поврзе регионот на нов начин.“
До неодамна, возењето велосипед на долги растојанија на Балканот беше многу комплицирано. Како резултат на тоа, многу велосипедисти ги избегнуваа планинските патеки и се задржуваа на приморските патишта. Но, Транс Динарика е создадена за да ги отвори вратите на една од најоддалечените области на Европа за велосипедисти.

„Од базата на податоци која содржи 27.000 км возни патеки и патишта, ние ги избравме најдобрите 5.500 км и ги мапиравме, додавајќи точки на интерес долж патеката,“ вели Клавора.
Но, целта на Транс Динарика не е само да поттикне велосипедистите да ја посетат, нејзините креатори исто така се надеваат да ги обноват напуштените области каде што жителите ги напуштиле селата во потрага по подобри работни можности.
„Веруваме дека Транс Динарика може да има регенеративен ефект на овие региони. Со почеток на развој на туризмот и услуги, луѓето ќе имаат шанса да останат,“ изјави Јана Апих, основач на GoodPlace и експерт за одржлив туризам.
Клавора верува дека проекти како Via Dinarica и новата Транс Динарика може да им помогнат на Балканиските земји да се развиваат одржливо и да го подобрат туризмот.











