ТЕРА

REKLAMA???

НОВА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА РЕГИОНАЛНАТА ДЕПОНИЈА

Градоначалниците на Пелагонискиот и Југозападниот регион, заедно со претставниците на јавните комунални претпријатија, Заедницата на локална самоуправа ( ЗЕЛС ), Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и претставници на шведските организации СИДА и САЛАР Интернациоинал денеска расправаа за следните чекори од реализацијата на планот за регионална депонија на која ќе се одлага сметот од 18 општини. Дискутираа за акционен план со важност од една година.

„Начинот на селекција, управување  на отпадот на локално ниво, како луѓето да ги анимираме, да ги мотивираме да работат во таа насока, да го селектираме отпадот за во иднина од него да имаме додадена вредност, а да не ни претставува проблем, како што впрочем денес тоа ни се случува.“ – рече градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски објаснувајќи што е темата на денешната конференција.

Комуналниот отпад во целата држава претставува огромен проблем, а ако ние сакаме да бидеме дел од Европа, ова е едно од поглавјата за кое ќе се расправа, вели Стевановски, a со него се согласуваат и градоначалниците на Битола, Могила, Ресен.

„Зборувавме досега за ѓубришта, сега зборуваме за санитарна депонија, регионална депонија која ќе ги опфати 18 општини од двата региони – Југозападниот и Пелагонискиот. Тоа ќе биде интегриран систем за управување со отпад. Тука сме да слушнеме до каде во која фаза сме, како општини да дадеме поддршка во тој систем за справување. “ -вели градоначалникот на Битола Тони Коњановски.

„Могила и моментално депонира во Мегленци, но тоа е нерегулирана депонија. Генерално, овој настан што се организира и треба да го реализираме се за регулирана, една модерна депонија по европски стандарди. Придобивките кои ќе ги добие регионот, така и Могила.“ – вели градоначалникот на Могила Драганчо Стаботковски.

„За цел овој наш регион и за цела Република Македонија ова е многу заначен национален проект, еден напреден европски и светски проект со којшто влегуваме во еден друг процес на селектирање, на одлагање на отпадот, а не како што досега се справуваме со еден стихиен начин, не само општина Ресен туку и сите други општини

Проектот има 13-тина фази кои треба да се реализираат, за да може да се задоволат сите европсски норми, но и сите интереси на општините и најважно населението кое ќе ги користи услугите на регионалната депонија.  Транспортирањето на комуналниот отпад е проблемот што денеска го адресира градоначалникот на Ресен.

„Транспортот ќе биде проблем и сега на ваквите состаноци треба да го решиме тој проблем, како што го имаше Битола и Новаци. Ние во Ресен не сакаме, нема да дозволиме цело тоа ѓубре да поминува баш низ срцето на градот. Ќе мора да имаме една обилколница.“ – алармира Тозиевски, потсетувајќи дека

Ова секако го наметнува моментот на финасирање на проектот од сите вклчучени – општините, заедницата на локална самоуправа , шведските организации СИДА и САЛАР Интернационал. Предизвикот досега беше сите страни да остварат меѓусебна соработка вели Пер Олоф Халберг од САЛАР интернационал.

„Зависи како ги гледате работите. Регионалната депонија е едно, треба да се променат работите, треба да се промени системот, треба да се делува заеднички и треба да се направи еден систем за плаќање на надоместоци за комунален отпад и за општините и за граѓаните, како што и претпријатијата плаќаат.“ – вели Пер-Олоф Халберг од САЛАР Интернационал.

Во досегашните активности биле вклучени проценка на капацитетите, идентификување на области за подобрување на просторот и администрацијата, направена е политичко-економска анализа која дава увид во социо-политичкиот пејсаж и направена е анализа за заштита од пожари. Допрва работните групи од регионот треба да ги  преточат приоритетите во јасно дефинирана структура којашто ќе го сподели нацртпланот до сите општински совети на разгледување. Потоа следуваат градежните работи на идејата за која регионот зборува скоро една деценија.