ТЕРА

REKLAMA???

НОВИ ГИС ПОДАТОЦИ ЗА БИТОЛА ОД ОСНОВЦИ И СРЕДНОШКОЛЦИ

Денеска во просториите на гимназијата „Јосип Броз Тито“ се одра завршниот настан од работата на ГИС секциите во Гимназијта и основното училиште „Тодор Ангелевски“.

Настанот е завршниот дел на проект на регионалното географско друштво „Геосфера“ и претставува едукација на младите за користење на глобалниот информациски систем, а за заедницата нова лесно достапна база на податоци кои и ги нема на едно место.

На настанот пристуствуваше и заменик градоначалникот на Битола, Бојан Бојкоски.

Битола има 2 туристички објекти со 5 ѕвезди, 3 објекти со 4 туристички ѕвезди, 6 со три , 7 со две ѕвезди и само 1 со една. Учениците имаат и оправдани, ама и многу неоправдани изостаноци, а нивниот број се намалува, ама не секаде. Вакви и многу други податоци кои ги нема во официјалните статистички извештаи или е многу сложено да се пронајдат содржат 20-тина ГИС мапи што ги направија учесниците на овој проект на „Геосфера“.

ГИС секциите на двете училишта се секции кои имаат единствена цел учениците да ги стекнат вештините на изработка на ГИС производи, анализа и презентација на добиените резултати и промоција на ГИС технологијата во јавноста, затоа што овозможува примена на географијата во секојдневието. За овој проект добија донација од 30 кориснички имиња за пристап до светски познатиот софтвер  „ArcGis Online“ од компанијата ГДИ.  Софтвер кој го користат исклучиво училишта.

Беше пренесено и и хрватското искуство, кое вели дека сега 20-тина средни и основни училишта работат на истражување поврзано со изворите и квалитетот на водата, што е многу потребно и за водоводните претпријатија и за општините во целост.

Податоците што учениците ги собраа, селектираа и објавија се од градот и околината, податоци од кои и Општината како институција може да ги збогати своите информации, a јавноста со кликот на една точка може да добие многу податоци за посакуваниот објект.