ТЕРА

REKLAMA???

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРСТВОТО

Построени, секој со заедничка мисла и почит кон службата којашто ја обавуваат – пожарникари. На смотра, пред градоначалникот и советници од Советот на Општината и своите претходници, поранешни колеги, пожарникари.

Денеска се навршуваат 188 години од официјалното формирање на „пожарната“ во Битола, а од име на вработените во Општината и граѓаните на Битола градоначалникот Тони Коњановски им ја честиташе 188 годишнината од постоењето на битолската противпожарна единица.

Во моментот во Територијалната противпожарна единица на Битола се вработени 41 пожарникар кои на располагање имаат 14 возила и совемена опрема за лична заштита, вели командирот на единицата Горан Димковски.

Пожарникарите кои денеска се борат со огнените јазици на отворен и затворен простор заедно со градоначалникот на тројца сега веќе пензионирани пожарникари им доделија благодарници за посветеноста со која дадоа свој пример за службата.

Марјан Гионовски и Тоше Влинтовски се меѓу пожарникарите кои до неодамна беа во првите редови при интервенција. Владо Наумовски пак е првиот добитник на златна плакета за придонес во развојот на противпожарнаа служба.

На денешната церемонија во зградата кадешто е сместена протипожарната служба присуствуваа и градоначалникот на Могила Драганчо Саботковски и советниците Бојан Бојкоски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Борче Корлевски, советник од СДСМ во битолскиот Совет.