ТЕРА

REKLAMA???

ОДОБРЕНИ СЕ СИТЕ ПРОЕКТИ ЗА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ БИТОЛА-МЕЏИТЛИЈА

Одобрени се сите проекти за изградба на експересниот пат од Битола до Меџитлија, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски  на вчерашниот настан каде што со минирање на теренот започнаа градежните активности за изградба на автопатската делница Прилеп – Битола на Коридор 10-д.

„Завршуваме со рехабилитацијата на патниот правец Битола-Меџитлија каде што само пред неколку дена бевме со директорот на ЈП за државни патишта, така што тој патен правец за неколку недели ќе биде завршен со рехабилитацијата. Одобрени се сите проекти за експресниот пат од Битола до граничен пртемин Меџитлија, тој е комплетно нов пат кој што ќе се поврзе со автопатот Прилеп-Битола„, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

За разлика од минатото кога се чекало да се собере целата документација, сега како што рече директорот на ЈП за државни патишта паралелно се проектирало и се градело, односно работите ги решавале во од. 

„Овие процедури со „Бехтел и Енка“ ние ги реализираме за 5 месеци. Сега моментално трасите се веќе определени, веќе ги имаме елаборатите за експропријација, кои елаборати се доставуваат во бирото за вештачење. Потоа кога ќе ги имаме проценките за сите парцели ги доставуваме кај државниот правобранител, потоа одат кај имотно правни работи и тече експропријацијата“, изјави директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми.

 Oвие градежни работи претставуваат најголема инфраструктура и патна инвестиција во нашата држава, потенцираше премиерот и истакна дека во моментов во тек се саеми за работа на Коридорите 8 и 10-д. 

„Бехтел и Енка“ во моментов разгледуваат 360 апликации од македонски граѓани од сите различни профили. И тоа е малку, бидејќи во моментов на конзорциумот му се потребни 2.000 работници. Вакви саеми ќе бидат организирани и во други градови од државата со цел да бидат пополнети со наши македонски работници така како што стои и во договорот“, рече премиерот Димитар Ковачевски.

Автопатот треба да биде со вкупна должина од 39,3 километри и треба да биде изграден за 57 месеци.