Косовското претпријатие за електродистрибуција (КЕДС) соопшти дека денеска ќе почнат рестрикциите за електрична енергија. Потрошувачите ќе имаат струја шест часа, а потоа два часа ќе бидат исклучени.
Потрошувачите ќе се снабдуваат исклучиво со електрична енергија од домашно производство, бидејќи КЕДС веќе нема финансиски средства да купува струја, соопштено е.
Од КЕДС наведуваат дека ваквата состојба настанала поради енормните цени на електричната енергија на меѓународните пазари и недоволното покривање на трошоците на системот.












