ТЕРА

REKLAMA???

ОД ЃУБРЕ ДО ГОРИВО

Депонијата во Мегленци е проблем кој се провлекуваше со децении. Возрасните ги паметат и смрдливите чадови депонијата на десетина километри од Прилеп. А лaни пак возејќи наваму-натаму кон Охрид, многубројни беа негативните реакции на туристите кои минуваа низ ѕид од чад од депонијата пред Ресен, кај Љорека. Регионот го согледа проблемот, а решението го пронајде во регионалната депонија.

Стандардна, санитарна, „светска“ депонија е решение само доколку се примени праксата од ѓубрето да се произведува енергија сметаат познавачите.  За тоа зборува градоначалникот на Новаци кога зборува за додадена вредност  којашто ја очекува од овој регионално важен проект што се реализира и со префрлање на знаење од шведската асоцијација на региони и локална самоуправа САЛАР Интернацинонал.

Шведска е светски лидер во управувањето со отпадот. Швеѓаните одамна сфатија дека треба да го регулираат управувањето со отпадот, активно се занимаваат со рециклирање од 70-тите и 80-тите години. Но, поинтересно е што државата над 2 милиони тони отпад го претвора во енергија. Има 32 постројки за согорување на отпад до енергија.

Фабриките за енергија го согоруваат ѓубрето во огромни печки, а пареата којашто се создава ја канализираат во огромни турбини на генератори. Вака се обезбедува греење и струја.

Гетеборг е еден од градовите кадешто има ваква фабрика. Според одредени проценки на овој начин се греат 1 милион домови во градот, а струја пак користат 250.000 домаќинства.  Се разбира постојат и контроверзи кои се врзуваат за овие методи на управување со отпадот и производството на енергија. Имено, гасовите кои се генерираат се токсични, но многумина тврдат дека сепак тоа е подобра алтернатива од класичните депонии. Проценките им говорат дека од 3 тони губре се добива 1 тон гориво. Ако не стигнат со сво, швеѓаните го собираат и ѓубрето од околните држави и го произведуваат во енергија.

Два други методи се практикуваат за промена на менталитетот кај населението: се озакони рециклирањето и се промовира т.н циркулаторна економија.

Почнувајќи од оваа година, новиот шведски закон определува дека секој мора да го оддели својот отпад од грана. Ова важи и за домаќинствата и за бизнисите. Локалните власти пак задолжително да обезбедат посебно собирање на отпадот од храна.

Циркуларната економија пак е пристап кој вклучува користење на производи кои можат целосно да се користат повторно, таканаречен пристап од лулка до лулка. Во 2018 година, шведската влада дури формираше специјална советодавна група за циркуларна економија, за да помогне циркуларната економија да стане клучен дел од владината политика.

Во просек светот 40% од ѓубрето го спалува и тоа на отворен простор. Како нас. За разлика од швеѓаните кои во мометнов само 1% од својот отпад го испраѓаат на депонија. Целта на шведската влада е отпадот од храна да се намали за 20 отсто по лице до 2025 година. И планира до 2045 година воопшто да нема отпад по депониите.