ТЕРА

REKLAMA???

ОПОЗИЦИЈАТА ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО ИСТАНБУЛ И АНКАРА

Актуелните опозициски градоначалници на Истанбул и Анкара прогласија победа на локалните избори што значи дека партијата на турскиот претседател губи во двата најголеми града во земјата, пишува Радио Слободна Европа.

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кандидат на главната турска опозициска Републиканска народна партија (ЦХП), прогласи победа, велејќи дека води со повеќе од еден милион гласови по преброените 96 отсто од гласачките ливчиња.

Градоначалникот на Анкара, Мансур Јавас, исто така од партијата ЦХП, прогласи победа во тој град.

„Изборите завршија, ние продолжуваме да им служиме на Анкара и нејзините шест милиони жители без дискриминација. Оние кои го игнорираа испратија јасна порака до оние што ја водат оваа земја“, рече тој.

АФП пренесува дека турската опозиција е на пат да извојува голема победа во целата земја“.

По пребројани 79 отсто од гласовите, пишува агенцијата, Имамоглу има 50,5 отсто, додека неговиот главен противник од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) има 40,7 отсто.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека локалните избори во Турција биле завршени на „начин што доликува на нашата демократија“, опишувајќи ја демократијата и националната волја како „победник на изборите“.