ТЕРА

REKLAMA???

ОПШТИНАТА ЗА ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ИМА УСЛУГА „ИТНО КОПЧЕ“

Општина Битола соопшти дека објави јавен повик за избор на оператор за обезбедување на услугата Итно копче – нова 24/7 достапна услуга која овозможува на корисниците да побараат помош со едноставно притискање на едно копче.

Во соопштението од Општината се вели дека услугата „Итно копче“ е наменета за лица кои имаат потреба од брз пристап до помош во итни ситуации. Корисниците, со едноставно притискање на копчето на аларм-уредот, воспоставуваат контакт со операторот од контакт центарот на „Итно копче“.

По утврдување на состојбата, операторот дава насоки за понатамошно постапување, а по потреба испраќа тим за прва помош во нивниот дом. Доколку е неопходно, се организира транспорт до соодветна здравствена установа.