Битола од синоќа посведочи на официјалниот старт на Музејот на христијанското и муслиманското наследство во објектот Јени џамија. На свечениот старт со работа присуствуваа и директорката на комисијата за односи со верските заедници, градоначалникот на Битола,бројни археолози, архитекти, случајни минувачи. Музејот е видлива потврда на големото историско минато на градот.
Џамијата Кади Mахмуд Челеби или Јени или новата џамија, којашто едно време го носеше називот галерија Моша Пијаде, од синоќа е место сведок на мултиконфесионалноста на градот и фактот дека историјата е културно богатвство врз кое човештвото ги гради односите. По скоро 20тина години што истражувања,. Што реконструкција спроведувана од турската агенција ТИКА, официјално започна да работи како музеј на исламската и христијанската култура. Црквата Св Ѓорѓи , врза која била изградена новата џамија во османлискиит период се откри за широката публика. Директорот на Завод и Музеј, Зоран Николовски потсети за работите кои ги спроевеле во изминатиот период.

„Археолошките ископувања овде во Јени замија започнаа уште во 2003 година под раководство на археологот Томе Јанакиевски, а подоцна после него и други стручни лица од нашата институција. Долго години се работеше на овој проект. Моментално целосно е реконструиран и реставриран првиот дел на џамијата, т.н тремот , а овој дел кадешто сега се наоѓаме само е заштитен од горниот дел, екстериерот од прокиснување, тоа е заштитено и направено. Ентериерот не е вопшто работен и јас очекувам дека во наредните години тоа ќе биде завршено на исто така успешен начин како и тремот на Јени џамија. Различни фази на овој археолошки локалитет има, тие датираат од 7 до 11 век.Една од нив е и катедралната црква Св. Ѓорѓи кадешто сега моментално се наоѓаме. Поточно ова е ден фрагмент од основата на црквата Св. Ѓорѓи . Таа средновековна катедрална црква е по димензии, по габарит многу поголема од Јени џамија и за тоа сте сведоци на застаклените делови напред кадешто се гледа дел од ѕидовите и темелите на црквата. “ – рече директорот на НУ Завод и Музеј Зоран Николовски.

За значењето на постоењето на овој објект со концепт каков што сега го претстави Завод и Музењј од Битола, зборуваше директорката на Комисијата за верски заедници Олиевра Трајковска. Музејот е потврда на заедништвото, фактот дека само Љубов и Вера овозможуваат просперитет, доминираше синоќа во нејзините обраќања.

„Ако го погледнеме она што низ вековите историјата ни го оставила, ние всушност треба да се поистоветиме и да сфатиме дека ние само треба да го продолжиме тоа , да бидеме горди на се што низ вековите ни останало и како што реков да бидеме Љубов затоа што тоа е единственото нешто што може да го спаси светот. Во годините коишто ни претстојат секако дека ќе имаме голем број и на припадници на Исламот и на странски туристи коишто се неопределени и наши Христијани, Православни , Католици, коишто ќе сакаат да го посетат ова место како културно наследство затоа што може многу да се види, затоа што може многу да се научи и , како што реков, еве овој музеј ќе биде сведок за тоа како може две нешта коишто во нашето општество понекогаш некој сака да ни ги претстави како спротивставени да бидат едно и да почиваат на едно исто место.“ – рече Трајковска.

Објектот веќе од денеска функционира како музеј со работно време од 10.00 до 14.00 часот. Бројни се посетителите денес, како што беа и синоќа на отворањето збогатено со молитвени песни на Исламот и Христијанството. За градот, ова е нова можност за промоција, рече градоначалникот Тони Коњановски.
„Ова само го потврдува тоа што значи Битола, што значела некога и што значи денес на овие балкански и европски простори, како еден светилник и раскрсница на Христијанството, на Исламот и сите оние религии и сите оние битки и премрежија кои градот ги поминал низ вековите. Битола ќе добие објект кој ќе значи нова туристичка понуда меѓу другото, освен неговата историска вредност, нова понуда за туристите, намерниците кои ќе имаат добра можност да се запознаат со нашето културно богатство.“ – рече градоначалникот Коњановски.

Џамијата Кади Mахмуд Челеби или Јени (Нова) џамија била изградена по нарачка на битолскиот кадија Махмуд-ефенди, на местото на постара џамиска зграда или врз остатоците од христијански храмови. Во истражувањата на објектот се откриени ѕидови од три цркви. Најстарата од VII век се верува дека е црквата „Св. Ѓорѓија“, втората црква е од XI, а третата од XIII век. Последната црква била срушена пред да се изгради џамијата за што нема податоци дали се случило со освојувањето на Османлиите или од други причини.












