ТЕРА

REKLAMA???

ОТСТРАНЕТ ДЕФЕКТОТ НА УЛИЦИТЕ „РОМАНИЈА“ И „БЕГОВА ЧЕШМА“

По отстранувањето на дефектите на водоводната мрежа на ул. „Романија“ и ул. „Бегова чешма“, водоснабдувањето е нормализирано и се одвива непрекинато, информираат од ЈП „Водовод“ Битола.

Истовремено, се работи на реконструкција на водоводната мрежа и проширување на истата во с. Поешево и с. Логоварди, со што ќе следи значително подобрено и поквалитетно водоснабдување.