Според Центарот за управуавње со кризи пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола во текот вчерашниот имале голем број на интервенции што настанаа поради силното невреме (силен ветар над 60 км/ч) што го зафати Битолскиот регион во 14.30 часот.
Според повиците за настаните примени преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 и во комуникација со командирот на ТППЕ Битола, Општина Битола во соработка со јавните претпријатија од Битола и ЕВН, вчера интервенира на следните локации:
– паднат кров од две згради на ул. „Нико Фундали“ кај „Жито маркет“ каде има настаната штета на неколку возила;
– паднато дрво кај црквата во с. Магарево при што има оштетен ел. вод и и има искрење;
– падната бандера на ул. „Прилепска“ кај бензинската пумпа на „Макпетрол“;
– падната бандера на патот за с. Кравари;
– падната бандера на ул. „Мукос“
– падната бандера кај црквата во с. Ниже Поле;
– падната бандера на ул. „Пожаревачка“;
– падната бандера на ул. „Стрчин“
– паднати жици на ул. „Новосадска“;
– паднати жици и искрење на ул. „Крушево“
– паднати жици и искрење на ул. „Ѓорѓи Наумов“
– падната бандера на ул. „Димче Лахчански“
– навалена бандера на ул. Булевар „1 Мај“
– паднат кров од зграда на ул „Хераклеа“;
– паднат кров од куќа на ул . „Јанко Палигора“;
– паднат кров од куќа на ул. „Партизанска“
– паднат кров од зграда кај печатницата „Киро Дандаро“ и
– голем број на паднати дрвја на повеќе локации во градот.
Од ЕВН Македонија велат дека вчерашното невреме предизвика штети на повеќе локации во Битола.
„Екипите на Електродистрибуција се целосно мобилизирани и без прекин работат на отстранување на дефекти на среднонапонска и нисконапонска мрежа.
Компанијата соработува со сите засегнати институции со цел отстранување на сите дефекти во најбрз можен рок“ стои во одговорот на нашето прашање.











