ТЕРА

REKLAMA???

ПЕНДАРОВСКИ: ШИРОКИОТ ФРОНТ НА ПОДДРШКА Е И ОБРВСКА ЗА НОВА ПОБЕДА

На вчерашниот конгрес Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја потврди поддршката за кандидатура за втор мандат на актуелниот шеф на држвата Стево Пендаровски.

Пендаровски им се заблагодари на укажаната доверба.

„Во изминатите денови добив јавна поддршка за вториот мандат од граѓани, дел од нив јавни личности, универзитетски професори, културни работници и луѓе кои ме познаваат. Многу граѓани со своите потписи ја дадоа поддршката и за само неколку часа ги собравме над потребните 10.000 потписи.

Широкиот фронт на поддршка не е само чест, туку и обврска за посветена, чесна и храбра кампања и извојување на нова победа.

Да продолжиме да работиме на создавање отворено, креативно, иновативно и демократско општество во кое ќе има место за секој, каде сечиј потенцијал ќе се цени и секој ќе добие можност да успее тука, дома. Ви благодарам на сите за поддршката. Продолжуваме заедно“ рече Пендаровски.