СДСМ И Поинаку гласале воздржано за распишување на јавните повици за поддршка на здруженијата на граѓани и спортските клубови во Битола, вака на прес конференција рече советникот од ВМРО ДПМНЕ, Зоран Петковски.
„Во интерес на јавноста, а посебно во интерес на спортските клубови и здруженија на граѓани, сакам да ве известам дека денес комисијата за финансии и буџет имаше седница, на која како точки на дневен ред се најдоа два повици:
- ЈАВЕН ПОВИК за доделување на финансиски средства од Буџетот на општина Битола на здруженија на граѓани и фондации за 2024 година
2.ЈАВЕН ПОВИК за доделување на финансиски средства од буџетот на општина Битола на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2024 година.
После дискусијата за јавните повици претседателката на советот заедно со советниците на СДС гласаа воздржано за распишување на овие два повици за поддршка на здруженијата за граѓани и спортските клубови во Битола.
За распишувањето на овие два повици не постои никаква законска пречка истите да бидат распишани. Ова е уште едно кочење од страна на советниците од СДС и ПОИНАКУ.
Прв пат во историјата на општина Битола јавните повици за поддршка на здруженијата за граѓани и спортски клубови не доби поддршка од т.н ново мнозинство кое очигледно интересот им е само кочење и деструкција“ рече Петковски.












