Владимир Путин освоил околу 87 отсто од гласовите на претседателските избори во Русија, покажаа излезните анкети и првите официјални резултати, што ќе му овозможи уште еден шестгодишен мандат како шеф на државата.
Според Централната изборна комисија, по преброени 50 отсто од гласачите ливчиња, Путин осбоил 87,34 отсто од гласовите. Рускиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ) исто така објави дека Путин добил над 87 отсто.
Неговите проитвкандидати – Николај Харитонов од Комунистичката партија има 3,8 отсто од гласовите, Владислав Даванков од партијата „Нови луѓе“ 3,73, а Леонид Слуцки од Либерално-демократската партија 2,96 отсто.
Вкупната излезност на претседателските избори во Русија е 74,22%. Одѕивот на гласачите во Москва била околу 66 отсто.
Иако неговата победа беше сигурна, бидејќи не се соочи со никаков кредибилен ривал, постои загриженост дека Путин ќе го започне петтиот мандат со поостри одлуки, во кои веројатно ќе доминира војната во Украина и почеток на нова воена мобилизација, пишуваат светските медиуми.
Исходот значи дека Путин (71 година) треба да започне со нов шестгодишен мандат со кој ќе го надмине Јозеф Сталин и ќе стане најдолготрајниот руски лидер во повеќе од 200 години доколку го заврши.












