ТЕРА

REKLAMA???

„ПОДЕМ“ ОДБЕЛЕЖУВА 15 ГОДИНИ ОД СВОЕТО ПОСТОЕЊЕ

Со крајот на 2023-тата година ПОДЕМ ја заокружува јубилејната 15-та година од своето постоење, постоење исполнето со предизвици, успеси, труд и борба, рече претседателот на партијата, Живко Јанкуловски.

Во Битола денеска партијата оджа седница на Централниот одбор на партијата, а потоа и свеченост по повод јубилејот.

„Престојната, пак 2024-та година во многу што е е година која ветува промена, исправање на погрешното, итање кон вистинското, година во која ПОДЕМ може и мора да ја капитализира целата своја досегашна работа. ПОДЕМ е основана за да даде на земјава, не за да земе од неа. Желбата за изградба на Република Македонија во современа демократска држава, со општество во чија основа се слободата, еднаквоста и рамноправноста, солидарноста, правдата, човековите слободи и права ја создаде ПОДЕМ.15-годишното постоење на македонската политичка сцена заедно со Вас со нашите членови и поддржувачи беше време на многу предизвици. Спротивно на сите потценувања и опструкции успеавме да опстанеме и да ја реализраме идејата за постоење на ПОДЕМ. Успеавме да реализираме значаен дел од нашата програмска платформа и продолжуваме така.

Направивме инфраструктура во над 50 општини. Самостојно излеговме на избори во 2009 година и освоивме над 20000 гласови и 14 советнички места со три претседатели на совети. ПОДЕМ го препознаа во сите општини низ Македонија и инфраструктурата денеска содржи над 30000 членови и можност со свои советници, директори, професионалци и функционери да влијае на политичките текови. ПОДЕМ е стабилен политички фактор на македонската политичка сцена кој од еден до друг изборен циклус одолева на притисокот на големите политички блокови и изборната регулатива која ги фаворизира. Кон ПОДЕМ се приклучуваат нови нови членови кои ја препознаа визијата и мисијата за подем на Македонија преку интелектуална и граѓанска борба на визии“ рече Јанкуловски.

Зборуваше и за одржаната конференцијата на млади во Скопје со 500 делегати, за конференцијата на жени во Кавадарци со 300 делегати. ПОДЕМ одржа 4 Конгреси на партијата од кои последниот во Битола, минатата година обедини 600 делегати, активисти и гости.

„Нашата вредност се искрените одговори на тешките прашања за нашата држава, без залажување, без лажни ветувања… Нашиот квалитет е умот, трудот и квалитетот на нашите членови. Лојалноста на македонската држава и македонскиот народ, одговорноста пред Вас, не собра и денеска тука. Никогаш не забораваме да слушнеме што има да каже човекот и граѓанинот како што вели Русо. Знаеме што е тоа што го мачи нашиот народ, зашто и ние сме дел од него. Точно е дека не можеме да ја предвидиме иднината, но точно е и дека ние сме тие кои ја градиме иднината. Затоа ПОДЕМ отсега се подготвува за престојната борба“ реле претседателот на ПОДЕМ.

И додаде дека ПОДЕМ во Македонија, е подем за Македонија. Според него  лага е дека не можеме па треба да ни помогнат, дека не знаеме па треба да ни покажат, лага е дека треба да се откажеме од себе, за да се пронајдеме. Кога ќе си бидеме добри сами на себе, добри ќе сме и за ЕУ.

„ПОДЕМ, е Македонија. Физички мала и нејака, духовно, културно и мисловно уникатна и супериорна. Иако тежок, верувајте само ова е патот оти не заборавајте и Мисирков и Чуповски и Рацин и Конески, на почетокот беа сами и слаби но денес и во вечноста се бедеми пред кои капа симнуваат светските политички, дипломатски и универзитетски титани“ вели Јанкуловски.