ТЕРА

REKLAMA???

ПОЛНА САЛА НА КОНЦЕРТОТ „FUNK & SOUL” НА БИТОЛСКИОТ ДУВАЧКИ ОРКЕСТАР

Во преполната сала на Центарот за култура – Битола, Битолскиот дувачки оркестар,  го одржа концерт насловен „FUNK & SOUL”.

Публиката имаше можност да ужива во Funk & Soul звуците на оркестарот и во прекрасниот вокал на гостинката Ана Петановска.

На репертоарот беа  изведени голем број на популарни светски хитови од Ејми Вајнхаус, Арета Френклин, Ренди Крафорд, Херби Ханкок и многу други.

Возобновен во 2015 год, оркестарот веќе девет години, ја слави традицијата на овој тип на музицирање во Битола. Реактивирањето на Битолскиот дувачки оркестар е на иницијатива на професорот Марјан Бакревски .

Оркестарот кој некогаш постоел, денес е во ново светло, со нови музички лица од кои зрачи љубов и емоција.