Делегација на ОК ВМРО ДПМНЕ предводена од претседателот на ОК и пратеник Пеце Милевски, Олга Лозановска пратеник и Горан Исков потпретседател положија свежо цвеќе пред спомен куќата на Гоце Делчев во Битола.

Исто така и градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски и делегации од Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата на ветерани и Патриотскиот институт оддадоа почит.

“… дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија…” И по еден век и 22 децении оваа твоја мисла е водилка и во одбраната, но и развојот и напредокот на Македонија, вечен учителе“ велат од ВМРО ДПМНЕ.
Денеска се одбележуваат 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер и идеолог Гоце Делчев.











