ТЕРА

REKLAMA???

ПОПЛАДНЕ НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ, СО ДОЖД, ГРМЕЖИ И СИЛЕН ВЕТЕР

Утрово 5 степени наПопова Шапка, 6 Лазарополе, 8 Маврови Анови,  Крушево, 10 Охрид, 11 Куманово, Берово, Крива Паланка, Претор, Прилеп, 12 Скопје-Петровец, Битола, Тетово, Виница, 13 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Велес, Дебар, 14 Струмица, Кавадарци, 15 Демир Капија, Гевгелија.

Најмногу дожд 22 л/м2 наврнаа во Претор, 17 Охрид, 14 Тополчани, 12 Лазарополе, Прилеп, 11 Крушево, 10 Битола, 7 Штип, 6 Виница, 5 Дебар, Маврови Анови, 4 Берово, 3 Попова Шапка, 2 Тетово, Крива Паланка, Куманово, Демир Капија, Ѓуриште, 1 Скопје-Петровец, Кавадарци, Велес, Пожаране.

Во текот на ноќта времето беше умерено до значително облачно. Од раните утрински часови на повеќе места има врнежи од дожд, кои локално во југозападниот дел од земјата беа пообилни, проследени со појава на грмежи. Дува слаб до умерен, на места засилен ветер од јужен и југозападен правец, кој во Крива Паланка надминува брзина од 45км/ч.

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд.  Наместа, особено попладне, ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд (над 30л/м2), грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23 степени.