Времето денеска променливо облачно, попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 34 степени. Во Битола до 30 степени.
УВ индексот 7.
До среда под влијание на нестабилна воздушна маса времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град.












